26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е сон на секој Швајцарец!

Ова е сон на секој Швајцарец!

svajci 930

Се поголем број Швајцарци посакуваат сами на себе да си бидат шефови и дури 70 проценти од испитаниците имаат намера да започнат самостојна привремена активност.

Ова се резултати од истражувањето на порталот  „Гешафтспартнер“, а овој тренд како што се наведува, го прикажуваат и податоците од Федералниот завод за статискика, кој покажува дека во 2013-та година во Швајцарија се основани 12.440 нови компании, што е највисоко ниво од 2001-ва година.

Желбата за независност и реализацијата на сопствените идеи се основните причини за се поголемиот интерес за основање сопствени компании, истакнуваат од центарот за иновација и претприемништво (ZHAW).

Како што е наведено во истражувањето, две основни групи на луѓе имаат намера да се обидат во сопствен бизнис.

Едната е составена од млади, кои штотуку дипломирале и кои немаат што да изгубат, а другата категорија ја сочинуваат во принцип луѓе во своите четириесетти кои веќе имаат изградено кариера во некоја од поголемите компании, и кои во однос на младите опстануваат подолго на пазарот.

Спротивно од зголемениот интерес за започнување на самостален бизнис, податоците на статистичкиот завод покажуваат дека само половината од новооснованите индивидуални компании опстануваат на пазарот подолго од пет години. Најниската стапка на преживување е во сегментите на трговија и информатика, додека во градежништвото е близу 60 проценти.

Како причина за ваквиот тренд, од центарот за претприемништво наведуваат дека луѓето кои се впуштаат во приватни бизниси често го потценуваат обемот на работа кој ги чека.

Експертите велат дека во првите пет години треба да се работи и по 10 саати дневно, шест или сите седум денови во неделата за да се развие бизнисот како би опстанал на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП