8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБитолскиот ансамбл Гоце Делчев победи на фестивалот во Вевчани

Битолскиот ансамбл Гоце Делчев победи на фестивалот во Вевчани

vevcani 002

Битолскиот ансамбл Гоце Делчев победи на Фестивалот за народна култура „Пображење“- Вевчани, кој оваа година се одржа по петти пат во деновите 17-ти, 18-ти и 19-ти август.

Фестивалот заврши синоќа на Анфитеатарот во Вевчани со Етно звуците на Ансамблот на народни инструменти и песни „Стефче Стојкоски“ од Скопје .

Организаторите, КУД „Дримкол“ од Вевчани беа задоволни од ова издание и мотивирани за уште поголеми залгања на „Пображење“, во Вевчани.

„Преображение Христово е голем празник кој сам по себе носи голема радост кај сите Вевчанци, а фестивалот за народна култура „Пображење“ е само дополнение на таа радост, збогатување на културната и туристичка понуда на Вевчани, празник за очите и душата. Во Вевчани над 400 уметници во изминатите три дена презентираа изворен фолклор, еминентни стручњаци од оваа област истражуваа, сликари на наивна уметност сликаа, Вевчани беше центар за народна културата и традицијата. И не само изминативе денови, Вевчани било и ќе биде достоен чувар на оригиналното, автентичното, традиционалното, па токму од тука и овој фестивал ја имаа таа мисија да помогне во зачувување на културното наследство  на Македонија и да овозможи мегдан за негово јавно презентирање во местото кое низ историјата само со култура и почитување на традиционалните вредности издвојувало многу битки и победи“, вели Тошо Чочороски, директор на Фестивалот.

Синоќа стручниот совет на фестивалот во состав: Проф. д-р Мирјана Мирчевска, етнолог, Проф. д-р Велика Стојкова – Серафимовска, етномузиколог, Проф. д-р Даворин Трпевски, етнолог, М-р Ивона Опетческа – Татарчевска, етнокореолог, Јовица Блажески, професионален играч и пеач, Наташа Кукоска, етнолог, ја доделија и наградата за најуспешна презентација на изворен фолклор на фестивалот, а Плакетата „Чувари на изворната традиција“ ја освои ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ од Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП