Американските научници создале речиси комплетен човечки мозок во лабораториски услови, што е значен потфат за унапредување на лекувањето на многу невролошки болести.
Рене Ананд, професор на државниот универзитет во Охајо, го „одгледал“ мозокот, чија зрелост може да се спореди со фетус стар пет седмици.
Иако е со големина на зрно грав, мозокот ги поседува сите видови клетки, сите значајни церебрални делови и ‘рбетен мозок, но му недостига васкуларен систем.
Создаден во период од 15 недели од клетки на човечка кожа, а овој „орган“ претставува најпотполно развиен мозок кој е досега создаден.
Арнанд очекува дека овој мозок ќе им овозможи на истражувачите поедноставни и поетички тестирања на лекови наменети за лечење на церебрални и невролошки заболувања.
„Моќта на овој мозок е што претставува добра замена за вистински човечки орган, па може да ни даде релевантни опции за тестирање и за развивање на методи на лечење од експериментите на глодарите“, рекол Ананд.