7 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАBundesbank очекува силен раст на економијата во втората половина од годината

Bundesbank очекува силен раст на економијата во втората половина од годината

bundesbank-feb

Германскиот економски раст ќе остане силен во втората половина од годината темелен врз зголемената потрошувачка и извозот, но глобалната прогноза е пригушена поради зголемениот ризик од забавување на растот во Кина, објави Централната банка на Германија.

Оптимистичката прогноза за Германија, најголемата европска економија, објавена е по добрите, иако не спектакуларни податоци за растот во вториот квартал, кои покажаа дека бруто домашниот производ во вториот квартал е зголемен за 0,4 отсто.

Мешовитиот резултат во минатото тромесечје го потцрта падот на индустриското производство и извозот, но и силни инвестиции и необично силните индустриски нарачки.

Од централната банка во редовниот месечен извештај за август проценија дека на германската економија на рака и оди големото зголемување на реалниот доход во матичната држава, како и закрепнување на еврозоната, послабото евро и забрзаниот раст во САД и Велика Британија, клучните трговски партнери.

„Гледано од сегашна перспектива, се чини дека не постојат претпоставки за релативно силен раст, поттикна со домашна и странска побарувачка“, се наведува во извештајот.

Оптимизам е искажан и во поглед на Грција, со прогноза за постепено подобрување на состојбата во економијата, со поддршка на новиот пакет на финансирање, приходи од туризмот и инвестиции финансирани од европските структурни фондови.

Нормализацијата на работењето на банките исто така ќе и помогне на грчката економија, како и фискалното и прилагодувањето на платите, се истакнува во извештајот.

Прогнозата за Кина е нешто повнимателна, со акцент на значително побавниот економски раст. Минатата недела централната банка неочекувано го девалвираше јуанот, за 4,6 отсто, што во главно е протолкувано како мерка на поддршка за подзабавената економија.

„Ризиците од посилно економско забавување и натаму се високи“, констатираат во Bundesbank.

„Одлуката за кинеската централна банка за девалвација на јуанот кон доларот може да се смета за потврда за неизвесноста“, се истакнува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар