21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува ликовната колонија во Галичник

Почнува ликовната колонија во Галичник

lik galicnik

Од денеска почнува традиционалната 26-та меѓународна ликовна колонија „Галичник“, која ќе се одржи во прекрасниот Галичник.

На колонијата ќе земат учество седум уметници и тоа: Јерум Хаусман – Холандија, Бахрам Ќалилов – Азербејџан, Лазар Пејовиќ – Црна Гора, Тошиаки Томита – Јапонија, Марија Сотировска – Македонија, Велимир Жерновски – Македонија и Михаела Јовановска – Македонија.

Колонијата продолжува со своите зацртани прерогативи, а тоа се квалитет во изборот на уметниците и уникатност во поглед на идејната структурираност, па оттука веќе седма година колонијата се движи во правец на дигиталните медиуми и медиа уметностите, па генерално поканетите уметници се занимаваат со уметничка фотографија, видео, инсталација, дигитална графика и слично.

Поголемиот број автори се зрели автори чија кариера е во сигурен успон следејќи по бројот и имињата на изложбите на кои зеле учество индивидуално или како селектирани претставници на своите земји на групни меѓународни претставувања, а останатите се млади уметници, кои покажуваат особен талент, креативност и сигурно се наметнуваат на сцените од каде доаѓаат и вон нив.

Овој избор на дигиталната медиумска стратиграфија, а секако и секогаш примарниот аспект на внимателен избор на афирмирани уметници, ја чини оваа колонија единствена во Македонија. Неодамнешната изложба на претходните три сесии на колонијата, која се одржа во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, го докажа својот квалитет и својата современост.

Колонијата ќе трае до 25-ти август, а покрај престојот и работата во ова прекрасно и живописно место кое со својата богата историја, традиција и природна убавина секако ќе изврши некакво влијание врз оформените уметници, авторите ќе имаат можност да посетат и некои од околните села, да ги видат прекрасните водопади во Ростуше, да го видат манастирот Св. Јован Бигорски, а секако и ќе се организира еднодневна посета на нашиот бисер градот Охрид, со едни од најубавите манастири и цркви на Балканот и пошироко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП