1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуски менаџер седи дома 12 години и прима плата за ништо

Француски менаџер седи дома 12 години и прима плата за ништо

zeleznica 334

Приказната за Французинот Шарл Симон, ја бранува јавноста во Франција неделава, откако тој откри дека како менаџер прима плата повеќе од 5.000 евра секој месец од државниот железнички оператор SNCF повеќе од 12 години, иако не работел ниту еден ден.

Симон, менаџер во подружница на SNCF, оваа недела излезе во јавноста со својата приказна дека прима плата од 5.400 евра секој месец, веќе 12 години, а цело време седи дома.

Неговото неверојатно признание, најпрво беше објавено во магазинот Le Point, и ја запрепасти Франција, земја која е позната по сложените закони за труд.

„Секој месец примам уплатница и трансфер во банка“, вели Симон за BFM TV. „Минатиот месец како и секој јуни, примив 600 евра бонус за одмор“.

Но, и покрај тоа што секој месец има платен пакет здравствено осигурување, Симон не е задоволен со својата `работа од дома`, а ја обвинува компанијата SNCF за уништување на неговата кариера.

Сега бара тие да му платат компензација за тоа што му ја скратиле можноста да напредува во кариерата, а платата да му е иста цело време.

Тој вели дека расчистил со неговите работодавци, компанијата за логистика Geodis Solutions, во 2003 година, откако им открил измамничка практика што ја чини SNCF 20 милиони евра.

„По три години нормална работа, открив измама со лажни фактури кои одеа и до вредност од 20 милиони евра“, вели тој.

Но, откако ги алармирал своите шефови за измамата, од Geodis Solutions им рекле во SNCF да му најдат друго работно место, на кое Симон сé уште чека.

Тој тврди дека немал избор, освен да седи дома 12 години и да чека да заѕвони телефонот да му кажат дека му нашле друга задача. Вели и дека пишувал писма до шефот Жилем Пеи од SNCF, но тие останале без одговор.

„Барам да ми се признае штетата којашто ми е нанесена. Ако не бев заглавен вака, можев да имам прекрасна кариера“, додава Симон.

Француската железничка мрежа е во долгови од 40 милијарди евра, кои ќе се зголемат двојно до 2025 година, ако фирмата не ги намали трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП