
„Jaguar“ го најави претставувањето на моделот „XJR“ за време на одржувањето на автосаемот во Њу Јорк.


„Jaguar“ го најави претставувањето на моделот „XJR“ за време на одржувањето на автосаемот во Њу Јорк.
Моделот се опишува како динамичен и спортски модел кој се разликува по модифицираниот преден браник, поклопецот на моторот со отвори за вентилација, како и црни додатоци во рамките на маската. Обезбедена е и спортска суспензија, црвени сопирачки, како и тркала изградени од лесни легури.
За снагата е задолжен 5.0L V8 мотор со супер полнач кој развива 550ks и 680Nm. „Jaguar“ се уште не ги објави официјалните податоци, но познато е дека на овој модел од 0 до 100km/h ќе му биде потребно помалку од 4.5 секунди.
Адриан Халмарк, еден од челниците на компанијата, наведува дека во новиот „XJR“ е вклучена најновата технологија, има одлични перформанси и модерен дизајн кој е прилагоден за 21-виот век, но обезбедено е и напредно ниво на динамика и луксуз.