3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗдравко Чолиќ главна звезда на етно фестивалот во Берово

Здравко Чолиќ главна звезда на етно фестивалот во Берово

upupupup

Берово ги користи  сите ресурси за подготовка на големиот Ethno Square Festival кој ќе се одржи од 27 до 29 Август.

Оваа година Берово го има предизвикот да докаже дека е подготвено да организира голем  настан во европски рамки.  Програмата на фестивалот е сперцијализирана да може да задоволи различни вкусови а сепак да го запази препознатливиот идентитет на ЕТНО  фестивал и да понуди квалитетна музика во која ќе уживаат голем број  посетители.

За време на фестивалот Етно плоштадот во Берово ќе понуди здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.

Главна настан на фестивалот е балканската звезда Здравко Чолиќ, покрај него ќе настапат Есма Реџепова, Газменд Бериша Проект, Линзи Полак од Австралија, Африкан Битс  од Франција, Слаткаристика, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Eye Cue, Уска Кан, Монистра.

Очекувана посетеност на фестивалот е околу 100 000 гости. На околу  50 штандови ќе бидат презентирани културното наследство и еколошки производи , кои ќе ја зачуваат автентичноста на фестивалот.

upupupup

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП