21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдрави и активни млади за оддржлива Европа

Здрави и активни млади за оддржлива Европа

здрави-и-активни

Јакнење на свеста на младите луѓе од шест земји за зголемување на спортските активности на отворено и примена на здрави навики е основовна цел на младинската размена „Здрави и активни млади за оддржлива Европа“ кој се оддржува во Струга до 7 август.

За време на размената кај учесниците ќе се развијат и стекнат знаења и вештини, бидејќи тие ќе работат во тим, ќе научат како да бидат флексибилни и соработуваат меѓу себе, потоа како да се преземе одговорност и иницијатива, и на крај како да се прилагодат и да одговорат на позитивен начин на сите промени.

Проектот има за цел да развие здрав начин на живот на претставници од Македонија, Романија, Молдавија, Србија, Албанија и Португалија и нивно вклучување во рекреативни активности на отворено. Проектот има за цел зголемување на учество на младите во рекреативни спортски активности, промовирање на толеранција меѓу различните културури, активно социјално вклучување на младите, потоа промовирање на однесувањето модел врз принципите на толеранција, еднаквост, фер плеј, не-дискриминација и социјалната вклученост на младите преку спортот поврзани активности врз основа на меѓукултурниот дијалог и еднакви можности.

„Преку овој проектот ќе влијаеме на младите луѓе уште повеќе да станат свесни за потребата од имање на спортски активности, имање на здрави навики како што се урамнотежена исхрана, со што позитивно ќе се влијани на нивните навики за сопственото здравје, и стекнување на вештини, способности и знаења, во нивниот социјален и личен развој“, вели Миле Димковски – проектен координатор во Младински Совет.

За време на размената и престојот во Струга младите ќе се мотививираат активно се вклучат да станат активни на локално и европско ниво, а не да има пасивна улога. Здрава и активна младина за одржлива Европа “е мултилатерален проект изработен со учество на пет партнери, а се одржува во Струга до 07 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП