28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛидс повторно на продажба

Лидс повторно на продажба

lids

Бахреинската компанија „Gulf Finance House“ официјално ја објави својата намера да го продаде англискиот клуб Лидс, иако го купи клубот пред само три месеци.

Одлуката на компанијата е донесена од желбата за остварување на профит, бидејќи купувањето кое беше извршено на крајот на 2012-та година беше при намалена цена поради желбата на поранешниот сопственик Кен Бејтс што брзо да го продаде клубот.

„Gulf Finance House“ го купи Лидс на 21-ви декември за 33 милиони долари, а веднаш потоа трикратниот шампион на Англија беше проценет на 44 милиони долари. Од компанијата објавија дека имаат намера да го продадат клубот во следните 6 месеци.

 

 

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП