29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ2000 купувачи, а возилото се уште непостои

2000 купувачи, а возилото се уште непостои

bentli

Бентли најави дека има добиено 2000 нарачки за идниот „SUV“ модел, иако се уште не е позната неговата цена, ниту како ќе изгледа конечната сериска верзија на тоа возило.

На мото-саемот во Женева Бентли го презентираше новиот концепт со ознаката „EXP 9F“. По серијата презентации на саемите низ целиот свет овој прототип наиде на негативна реакција, но главно од медиумите и од „обичните“ љубители на автомобили.

Првите луѓе на компанијата тоа не ги потресе премногу, иако признаа дека серискиот модел ќе претрпи одредени измени во дизајнот. Очигледно е дека тие имале позитивни реакции од мала, но одбрана и многу важна група на луѓе која ја сочинуваат купувачите на автомобили од марката Бентли. Според нивното мислење овој концепт доби зелено светло за производство од управувачките и сопственичките кругови на овој автомобилски гигант.

Меѓутоа освен финалниот изглед на возилото, се уште не е познато каде тоа ќе се произведува. Во игра се погонот на Бентли во Англија, како и фабриката на Фолксваген во Братислава.

Традицијата, вештината и искуството се на страната на вработените во Англија, додека во словачката фабрика се надеваат дека на нив ќе им биде доделена оваа работа, поради долгото работење на моделите на „Аudi Q7“, „Porsche Cayenne“ и „VW Touareg“ со кои Бентли ја дели оваа платформа. Исто така Словаците имаат вишок на слободен капацитет.

Извршниот директор на Бентли, Волфганг Шрајбер, не ја отфрла ниту една можност, па ниту онаа возилото да се склопува во Братислава, а потоа деловите од ентериерот да се вградат во Англија за моделот да ја добие познатата ознака „Made in England“, која е многу важна за купувачите на Бентли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП