18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРоманот „Дваесет и првиот“ на Т.Османли ќе се појави и на бугарски...

Романот „Дваесет и првиот“ на Т.Османли ќе се појави и на бугарски јазик

османли

Со неодамнешното потпишување на договорот меѓу софиското книгоиздателство „Персеј“ и Томислав Османли, следната година се очекува појавувањето на романот „Дваесет и првиот“ и на бугарски јазик, а по интернационалното издание на споменатиот роман на англиски јазик на неодамнешниот солунски Саем на книгата, наскоро од печат треба да се појави и руската објава на наградениот роман на македонскиот писател.

Македонскиот роман „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли догодина ќе доживее уште едно издание во странство.книгоиздателството „Персеј“ од Софија, претставувано од неговиот сопственик Пламен Тотев, кој потпиша договор со македонскиот автор за издавање на неговиот награден роман. Романот, во превод на бугарски јазик, би требала да се појави од печат во текот на 2016 година.

Издавачката куќа „Персеј“ основана 2004. година и својот фокус го става на објавувањето современи скандинавски, руски и бугарски автори, и дела од светската класика. Во последно време угледната издавачка куќа покажува бележито интересирање за објавување македонски автори од сите генерации. Неодамна во издание на „Персеј“ беше објавен наградениот роман „Посмртна венчавка“ од македонскиот прозаист Паскал Гилевски, а нешто пред тоа, беа потпишани договори за објави на преводи од шест млади македонски автори.

Инаку, романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, кој догодина ќе се појави во превод и на бугарски јазик, е добитник на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник во 2010. година и македонски кандидат за „Балканика“ истата година. Романот неодамна беше објавен во Хрватска (издание на „Сандорф“ од Загреб, 2012), во Црна Гора (ОКФ, Цетиње, 2014) и во Белград (книгоиздателство „Дерета“, 2014). За меѓународниот 12-ти Саем на книгата во Солун кој се одржа во првата половија на мај годинава, романот „Дваесет и првиот“ доживеа и интернационално издание на англиски јазик.

До крајот на годинава се очекува и неговата објава на руски јазик во превод на Олга Панкика и во издание на московската издавачка куќа „Рудомино“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП