7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСергеј Андреевски ексклузивен гостин на „ИН СИТУ“ во Тунис

Сергеј Андреевски ексклузивен гостин на „ИН СИТУ“ во Тунис

anreevskk sergej 232

Македонскиот уметник Сергеј Андреевски е најавен како ексклузивен гостин на првата Интернационална средба на уметници со наслов „ИН СИТУ“ што се одржува од 3-ти до 13-ти август во Тунис.

На настанот што го организира тунискиот Синдикат на ликовни уметници, учествуваат уште 25 уметници од 23 земји од светот и 20 млади уметници од Тунис. Престојот на Андреевски е целосно поддржан од министерот за култура на земјата домаќин во која . македонскиот уметник имаше успешен перформанс во 2010 година.

Идејата на организаторот е да направи синергија меѓу различните форми на уметност: танц, поезија, музика, ликовна уметност … , а сето тоа ќе се случува во магичниот амбиент на Сиди Бу Саид или ткн „Син град“.

„Сакаме да направиме средба којашто ќе биде спонтана, исполнета со импулсивност, забава, една поинаква музика…, ни треба време за заедничка дружба, да се запознаеме меѓу себе, да ги прифатиме нашите различности; преферираме спонтаност, искрена уметност, ослободување на потиснатото, уметност без цензура – далеку од вревата на светот и хоророт на војните!“, изјави Махмуд Чалби, еден од најмаркантните туниски уметници и член на организациониот одбор:

Ликовното патешествие на Андреевски, по Тунис продолжува во Словачка каде што ќе биде гостин на Меѓународната ликовна колонија „ДунАрт“ во градот Шаморин.

Во јуни 2010 година, Сергеј Андреевски беше првиот интернационален уметник гостин на осмата најпрестижна изложба на современата туниска уметност „Уметничка пролет на Ла Марса“. На изложбата, освен со дела од циклусот „Мачки“, Андреевски ѝ се претстави на туниската публика и со импресивен ликовен перформанс инспириран од звуците на традиционална музика од оваа африканска земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП