22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈапонска скулптура од два тона украдена во Неапол

Јапонска скулптура од два тона украдена во Неапол

japonska-skulptura

Огромна метална скулптура изработена од познатата јапонска авангардна скулпторка Каори Каваками, исчезна од неаполското предградие Казорија, а директорот на музејот од непознатите крадци побара да не ја стопат, објавија во понеделникот локалните медиуми.

Симболичкиот приказ на плуг, со тежина од два тона, исчезна од поставката на Музејот-лабораторија на современата уметност во градината на една од градските вили крај Неапол.

Директорот на музејот, професорот Антонио Манфреди, ја известил за исчезнувањето на бронзената скулптура локалната единици на карабинерите, која во Италија има посебна служба за заштита и потрага по културни вредности.

Истовремено, Манфреди преку локалните медиуми се обрати до непознатите крадци, барајќи од нив да не ја стопат скулптурата во некоја од илегалните топилници. „Тоа не е старо железо, туку уметничко дело“, порача професорот.

Ова дело на јапонската уметница е проценето на 300 илјади евра, и како и сето нејзино творештво се наоѓа под покровителство на УНЕСКО.

Италијанскиот премиер Матео Ренци кој во моментов се наоѓа во официјална посета токму на јапонската престолнина Токио, одржа предавање на Универзитетот Токио на тамошниот факултет за ликовна критика за важноста на уметноста како „мост на пријателството и разбирањето меѓу народите“.

Ова е всушност и мотото на меѓународната средба на министрите за култура којашто започна на 1-ви август во Милано. Неделата беше прогласена за „Ден на отворените врати“ на културните установи и беше бесплатен влезот во сите музеи во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП