4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУметницата Маја Кировска заедно со групата Егзит изложува во Јужна Кореја

Уметницата Маја Кировска заедно со групата Егзит изложува во Јужна Кореја

maja-kirovska

Изложбата Soyoyu, каде на покана на корејските уметници, во рамки на овој проект како специјален гостин македонската уметница Маја Кировска ќе го прикаже својот проект-изложбата (РЕ)Анимирано, ќе биде отворена во вторник вечер во Националниот културен центар на Чунбук, во градот Ченгџу, Јужна Кореја.

На изложбата Soyoyu со свои дела ќе се претстават уметниците Санјан Ли, Кионхуа Ли, Донграк Сон, Џијанг Гонг, Џијан Мун, Инсук Риу, Сангсу Цонг, Хозе Брузон Авила, Гиљце Цонг, Маја Кировска и Оскар Хуго Конча.

Всушност тоа е претставување на групата Exit, која е формирана во градот Ченгчу во 2010 година и има флексибилно членство. Во неа покрај основачите, секоја година кон изложбите се приклучуваат различни членови, а исто така покануваат и гости од странство. Изложуваат по двапати годишно, еднаш во Кореја, еднаш во странство.

“Оваа интересна соработка започна уште минатата година, во месец јули за време на отварањето на мојата изложба Организми II, во MC Gallery во Њујорк, каде имав чест да запознаам повеќе уметници од Јужна Кореја, членови на групата Егзит, меѓу кои и уметницата Санјан Ли, една од основачите. Благодарение на неа јас сум денес во Кореја и ги поставувам делата од изложбата која треба да се отвори на 4 август. Санјан Ли е организатор на изложбата, таа работи како уметник и професор на Чунбук универзитетот во Ченгџу. Во подготовки е и посетата на Санјонг Ли и нејзината група Егзит на Македонија и претставување на нивните најнови проекти следната година“, вели Кировска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП