15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија одлучи да ја приватизира BIP! Дали ќе го убедат македонскиот бизнисмен...

Србија одлучи да ја приватизира BIP! Дали ќе го убедат македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски да инвестира?

bip 30303

Државата се откажа од изнајмување на погонот на „Белградската индустрија за пиво“, а причината за тоа е да се обиде да го приватизира долгогодишниот загубар.

Ова, како што дознава „Večernje novosti“ е епилог од состанокот на малите акционери и синдикатот „BIP“ со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, министерот за економија, Жељко Сертиќ и директорот на Агенцијата за приватизација Љубомир Шубар.

Според пишувањето на весникот, претставниците на државата ќе се обидат да го убедат македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски да учествува во приватизацијата на „BIP“. Тој во неодамнешниот разговор за „Večernje novosti“ потврдил дека долги години се интересира за „BIP“, a дали ќе се согласи да ја прифати понудата да ја купи српската пивара, останува да се види.

Покрај Јаневски, според неофицијални информации, за купување на „BIP“ се заинтересирани уште три компании. Една од Германија, „Перла“ од Полска“ и „Лав импорт Чикаго“ од САД.

Агенцијата за приватизација има рок од три месеци да ја реализира продажбата на „BIP“. Во Министерството за економија се истакнува дека „BIP“ моментално се наоѓа во фаза на предстечајна постапка и напоменуваат дека токму Стечаен управник и надлежниот Суд ќе утврдат на кој начин ќе се води постапката.

Државата на „BIP“ во текот на 2012-та и 2013-та и отпиша долг од околу две милијарди динари. Старото раководство и покрај ова продолжи да ги зголемува долговите, кои моментално надминуваат 1,7 милијарди динари или повеќе од 15 милиони евра, од кои повеќе од 800 милиони динари за неплатени акцизи. „BIP“ во претходните години бележеше постојано намалување на производството, како и на пазарниот удел, кој во овој момент изнесува помалку од 3 проценти во цела Србија. Вредноста на акциите на оваа компанијата забележа пад од 720 динари во 2007-ма година, на 21 динар, колку што е моменталната цена на акциите на „BIP“ на берзата.

„Откако на 31-ви мај за „BIP“ престана да важи заштитата од принудна наплата, сметката на компанијата е блокирана на износ поголем од 850 милиони динари“, објаснуваат од Министерството.

Се проценува дека компанијата има сировини за уште два месеци и потоа ќе дојде до неминовно престанување на производството. Се очекува околу 500 работници да останат без работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП