2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Демирхисарско нова манифестација на критичарите

Во Демирхисарско нова манифестација на критичарите

demirhisarsko888

Во пресрет на Илинденските празници, а во рамките на нововостановеното Растојчко културно лето, Советот на манифестацијата Илинденски срцекази ќе започне со програмската содржина Критичарите (у)кажуваат.

На овој начин, и критичарите во Република Македонија ќе добијат своја манифестација, односно можност за средби, разговори, трибини, дебати, панел дискусии и други слични содржини.

Притоа, ќе биде доделена и меѓународната награда Златен орев за книжевен критички опус на Санде Стојчевски од Македонија и Душан Стојковиќ од Србија.

Исто така, ќе бидат врачени и признанијата: Растојчки камен на актерот Петар Мирчевски и писателот Кочо Топузовски; Растојчки даб на ликовниот уметник Владимир Темков и писателот Мишо Китаноски; Растојчки водопад на Елисавета Стојановска Ивановиќ од Белград и Димитар Христов од Софија.

Потоа, ќе биде отворена и самостојната изложба „С(т)имулирана н(а)ива“ од писателот и сликар Христо Петрески.

Манифестацијата ќе биде збогатена и со литературен настап на повеќе роднокрајни писатели од градовите Крушево, Демир Хисар, Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга.

Организатори на манифестацијата се Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП