19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛекции за пари за вашите деца: Што треба да знаат на возраст...

Лекции за пари за вашите деца: Што треба да знаат на возраст од 5,10 и 15 години

kids-and-money21

Колку рано треба да почнете да разговарате со вашите деца за парите? Почнете да зборувате со децата уште од петгодишна возраст, или штом ќе сватат дека парите купуваат нешта.

Добро време за да се започне да се зборува за основниот речник за парите е на:

 

Петгодишната возраст:

Заштеда- заштедата има три елементи: (1)што сакате да купите,(2)кога сакате да го купите, (3)колку ќе ве чини во тоа време.

Банка- безбедно место за чување, организирање и управување со парите

Сметки- белешки кои ни покажуваат колку пари должиме за нашите набавки

Тргување- одлука која треба да ја направиме кога се размислува дали да се заштеди или да се потрошат пари

 

Десетгодишна возраст:

Камата- парите кои ги добивате или плаќате доколку вложите или позајмите пари

Кредит- позајмени пари кои треба да се вратат, а притоа да се плати камата

Даноци- пари што ги плаќаме на државата за реализирање на програмите и потребите

 

Петнаесетгодишна возраст:

Инвестирање- вложување пари во средства(акции,обврзници,фондови..итн.) за зголемување на вашата финансиска состојба

Распределба на средствата- распределба на вашите пари меѓу различни типови на инвестиции

Акција- дел од компанија која се продава во јавноста

Обврзници- хартии од вредност издадени од државните власти или компаниите за кои заработувате камата и ја добивате назад вашата инвестиција на подоцнежен датум

 

Изгледаат како многу информации за едно дете?Но не се. Родителите разговараат со нивните деца за секс,дрога,интернет….но темата за парите е некако табу.

Не треба на децата да им кажете колку пари имате по сметките, но добро е да разберат дека парите излагаат од банкоматот бидејки имате депозити,од платата на работа итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП