26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФерари го подготвува P33

Ферари го подготвува P33

Ferrari-Aliante-Concept-02

Ако може да се верува на гласините кои стигнуваат од Апенините, Ферари подготвува уште едно изненадување на кое ќе мораме да почекаме до саемот во Женева во 2015-та година.

Според достапните информации „Scuderia Cameron Glickenhaus“ е изведувач на работата на новиот модел со име „P33“, кој е со многу мала тежина и необичен дизајн.

Имено „P33“ ќе биде тежок само 725 килограми, а ќе го придвижува V6 мотор со два турбо компресори и 500 KS. Ќе го краси „трокрилен дизајн’, каде трите крила се интегрирани во обликот на автомобилот и самиот кокпит.

Автомобилот е многу помал од „Ferrari P4/5“ од „Pininfarina“, уникатниот модел од 2006-та година, додека вратите и покривот се инспирирани од моделот „512 S Modulo“, а шасијата и каросеријата ќе бидат од јаглеродни влакна како и кај „Dino Competizione“.

Што се однесува за неговото производство, „P33“ ќе биде вистински колекционерски примерок и ќе биде направен во само еден, како што беше и случајот со суперавтомобилот „Ferrari P4/5“ од „Pininfarina“.

Цената се уште не е позната, но се очекува да биде слична како и останатите слични суперавтомобили, па така новиот сопственик ќе треба да одвои 2.3 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП