15 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИскористете го одморот на море: Сите благодети на солената вода

Искористете го одморот на море: Сите благодети на солената вода

Young woman floating in sea, hands behind head, laughing, close-up

Морската солена вода е многу благотворна за нашиот организам. Затоа летувањето на море сфатете го и како некој вид на спа третман, од кој ќе се вратите одморени, ослободени од стресот, со решени многубројни симптоми кои сте ги имале и со блескава кожа и коса.

Еве како морската солена вода му помага на телото:

1. Ги ублажува болестите на дишните патиша – солената вода помага при надразнета слузница на носот, како и при алергиски реакции и настинка, а и при ублажување на болестите на дишните патишта. Малку чиста морска вода земете во дланките и приближете ја до носот. Вдишувајте најдлабоко што можете од дланките и исплакнете го носот со солената вода, чувството е непријатно, но многу се исплати.

2. Секрет – На жените кои имаат чести вагинални воспаленија или зголемен вагинален секрет, им се препорачува морска вода. Па така бањајте се подолго во морската вода со цел да го решите овој проблем.

3. Проширени вени – Влезете во вода до половина од бедрата и одете низ песокот половина час, најмалку два пати дневно. Масажата до која доаѓа при движењето и делувањето на водата ги затегнува и зајакнува вените.

4. Артроза и реума – Наполнете ја кадата со топла вода во која сте ставиле два килограми морска сол или помала количина на сол од Мртвото море. По 20 минути легнете во кревет и одморајте. Топлата солена вода е одлична терапија за болните зглобови.

5. Рехабилитација – Поради поголемата специфична тежина морската вода овозможува полесно движење, па движењата низ водата по скршениците или при болести на мускулите и зглобовите се безболни и полесни, а позитивниот ефект од рехабилитацијата поголем.

6. Целулит – Поради содржината на сол со концентрација од 35 милиграми по литар, морската вода ја олеснува осмозата на насобраната вода под кожата и го забрзува ослободувањето од течности и целулит.

7. Акни и дерматоза – Комбинацијата од морската вода и солениот воздух е антибактериски мелем, кој помага во зараснувањето на раните, ја чисти кожата од акни и помага при најразлични дерматози и псоријаза.

8. Нега на кожата – Морската вода е голем пријател на убавината, бидејќи ја зацврстува кожата, ја обновува и ја прави мазна.

9. Стрес – Бањањето во морската вода не опушта и ни помага да ги исфрлиме од себе „отровите на современиот живот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП