2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРаботилница за ready-made на културниот центар „Кула“

Работилница за ready-made на културниот центар „Кула“

ready made

Од денес до петок културниот центар „Кула“ во соработка со фестивалот „Дрим-он“, организира работилница за „ready-made“, која ќе се одржи во Струга.

Учесниците на оваа работилница ќе имаат прилика да се запознаат со основите на концептот „ready-made“ и да творат во духот на неговото поимање. Предметите кои ќе се изработуваат во текот на истата ќе бидат накит, скулптури и неконвенционални инструменти од рециклиран отпад. Главната цел на работилницата е да вмрежи млади луѓе кои се заинтересирани за алтернативните начини на употреба на секојдневните предмети.

Откако учесниците ќе го проследат воведното предавање за „ready-made“, ќе се постават работни групи во однос на материјалите и предметите на изработка. По завршувањето на работилницата предвидена е изложба од изработените скулптури и концерт со создадените инструменти.

Ментори на работилницата се Сандра Јовановскa, Маја Стојковска, Сања Симоска, Иван Трајчев и Марко Јанев. Работилницата е подржана и финансирана од холандската амбасада во Скопје.

За учество во работилницата не е потребно предходно искуство во оваа област, а бројот на учесници за работилницата е ограничен на дваесет.

„Реди-мејдот“ е принцип на изразување, карактеристичен за визуелните уметности. Потекнува од движењето на дадаистите (1913-1918) кога Марсел Дишан го пријавил на конкурс веќе легендарниот писоар под наслов „Фонтана“ како легитимно уметнички дело. Најконцизната дефиниција за „реди-мејд“ е дека е тоа предмет од вонуметничко потекло кој е преземен, означен и изложен како уметничко дело со или без интервенции.

Главна цел на дадаистичкиот „реди-мејд“ била да се згрози високата академска публика. Подоцна „реди-мејдот“ континуирано се експлоатира во рамките на авангардните и неоавангардните движења. Постмодернизмот во рамките на својот стилистички арсенал ги вклучува сите историски техники при што ги укинува и ублажува нивните првични контексти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП