2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимавајте: Вака настануваат изгореници од сонцето! (видео)

Внимавајте: Вака настануваат изгореници од сонцето! (видео)

40319_opekotine-od-sunca02-ras-foto-shutterstock_630x0

Лекарите препорачуваат редовно мачкање со креми со заштитен фактор и да избегнуваме изложување на сонце помеѓу 12 и 17 часот.

Дали некогаш сте размислите дека сонцето не е тоа кое ве „пржи“ – црвенилото потекнува од одбранбениот механизам на нашето тело.

Имено, радијацијата од ултравиолетовата светлина предизвикува оштетување на ДНК клетките на кожата.

Ултравиолетовото зрачење е поделено на три типови:

UVA: Има помала енергија и поголема бранова должина и благодарение на тоа го добиваме финиот тен.

UVB: Ова зрачење е со средно кратки бранови кои можат да причинат доволно штета за да се појават изгореници.

UVC: Ова зрачење е со најкратка бранова должина и најголема енергија, но нема големо влијание на нашата кожа.

Кога кожата започнува да го детектира UVA зрачењето, рецепторите започнуваат да произведуваат специјални клетки наречени меланоцити, кои произведуваат дополнителен меланин и ја потемнуваат кожата.

Од друга страна, UVB зрачењето директно ја оштетува DNK на клетките. Ако голем дел од клетките се уништени, доаѓа до имунолошката реакција во вид на изгореници.

Инаку, лекарите, препорачуваат, редовно мачкање, со креми со заштитен фактор и избегнување на сонцето во периодот меѓу 12 и 17 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП