3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПо половина век во продажба вториот роман на Харпер Ли

По половина век во продажба вториот роман на Харпер Ли

harper-li

Како што беше најавено, во вторникот во продажба по половина век се појави вториот роман на aмериканската писателка Нели Харпер Ли, , под наслов „Go Set a Watchman“, и притоа не се исклучува набрзо читателите да имаат можност во рацете да држат уште некои дело од добитничката на престижната Пулицерова награда.

Насловот „Go Set a Watchman“, е роман кој е напишан во текот на 1950-те години, неколку години пред еден од најпознатите американски романи на XX век „Да се убие пицата која се потсмева“ (во македонскиот превод од To Kill a Mockingbird, инаку станува збор за вид птица дрозд), но Нели Харпер Ли досега не го објавила. Ракописот бил заборавен, а го открила адвокатката на славната писателка, Тоња Картер, во банкарски сеф и го иницираше неговото издавање. Според неа, Харпер Ли била изненадана од откритието и признала дека постоела конечна верзија на книгата која ја нарекла „мајката“ на нејзиното единствено познато дотогаш и славно дело.

Издавачката куќа „HarperCollins Publishers“ во првото издание отпечати два милиона примероци, а книгата има 304 страници.

Харпер Ли целиот свој живот го одбегнуваше публицитетот, речиси и не даваше интервјуа и повеќе никогаш не објавуваше. Сега 89-годишната авторка живее во дом за стари лица и е прикована за инвалидска количка. Поради староста, делумно се ослабени слухот и видот.

Литературните критичари кои претходно се запознаа со текстот на романот, откриваат дека двете дела на авторката се обединети, не само со ликовите, туку на некои места и со дословно совпаѓање на текстот. Во 1957 година Харпер Ли испратила копија со текстот на романот „To Kill a Mockingbird“ на издавачот, но таа ѝ била вратена со препорака да „работи подобро“ и да напише роман врз основа на спомените од детството на хероината Џин-Луиз Фитч. Како резултат на тоа, текстот бил значително преработен и стана сензационалниот истоимен роман.

Новиот роман, како и неговиот претходник, ги покренува прашањата за расната дискриминација, раскажувајќи за враќањето од Њујорк на возрасната Џин-Луиз Фитч во родното гратче Мејкомб, во државата Алабама. Главното сознание и воедно разочарување за 26-годишната жена станува тоа што идеализираниот татко адвокатот Атикус Фитч е расист и поддржувач на расната сегрегација.

Како што предупреди Картер пред пуштањето во продажба на романот, „оние кои го очекуваат блескавиот наратив …., може да останат разочарани од новата книга, бидејќи иако станува збор за конечен текст, тој не беше редактиран. Тоа е токму она што таа (Харпер Ли) го напишала“.

„По многу двоумење, ја споделив приказната со неколку луѓе на коишто им верувам и задоволство ми е што можам да ги известам дека тие сметаат дека е вредно да се објави. Запрепастена сум од тоа што ќе биде издадена по сиве овие години“, објави во февруари годинава Харпер Ли.

И покрај тоа што авторката е во поодмината возраст и фактот што таа никогаш повеќе не објавуваше по успехот на својата прва книга, во американските медиуми се појавија сомневања дека објавувањето на новата книга е направено со нејзина согласност. Нејзиниот близок пријател, историчарот Вејн Флинт, пак, не исклучува дека наскоро може да се појават уште две книги на Харпер Ли.

Иако „To Kill a Mockingbird“ е единствениот роман кој го објави во 1960 година, Харпер Ли е добитничка на многу награди, покрај Пулицеровата и на Претседателскиот медал на слободата. Овој роман, посветен на расната дискриминација во нејзината родна сојузна држава Алабама, претставува класик на модерната американска книжевност. Во светот е продаден во повеќе од 40 милиони примероци и е преведен на повеќе од 40 светски јазици.

Во повеќе анкети е прогласен за најдобриот американски роман на XX век а во 1999 година во изборот на Library Journal, беше прогласен за Најдобар роман на векот. Истоимениот филм за случај во кој црн маж е обвинет за силување бела жена во времето на Големата депресија во САД е снимен две години по објавувањето на книгата и освои три Оскара, од кои еден му припадна на славниот Грегори Пек за најдобра улога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП