Популарната алатка за вештачка интелигенција на „Google“, „NotebookLM“, сега е достапна како апликација за „Android“ и „iOS“.
Оваа апликација, поддржана од јазичниот модел „Gemini 2.0“, има за цел да ви помогне да разберете и структурирате сложена содржина, бидејќи ги комбинира функциите на белешки, резимеа со вештачка интелигенција и анализа на знаење на едно место.
„NotebookLM“ прифаќа различни извори на податоци: PDF-датотеки, веб-страници, документи од „Google Docs“, презентации или дури и видеа од „YouTube“.
Од овие информации, апликацијата автоматски генерира резимеа, одговара на прашања и дава инспирација, со прецизни цитати од извори. Ова е особено корисно за студенти, креативци или за секој што редовно работи со обемна содржина, објави веб-страницата „Netzwelt“.
Принципот е едноставен: отворете нова тетратка во апликацијата, прикачете ги вашите материјали и ќе добиете структуриран преглед на најважната содржина.
Една од најважните карактеристики е аудио функцијата, каде што содржината се обработува како подкаст. Двајца виртуелни модератори дискутираат за дадена тема – по желба и со прашања што ве интересираат.
Иако, овој „разговор“ сè уште не звучи секогаш сосема течно, сепак е импресивна демонстрација за тоа како новите информации ќе станат поразбирливи за слушање во иднина.