Германскиот производител „Volkswagen“ ја подготвува премиерата на втората генерација на еден од своите најуспешни модели – „T-Roc“, а официјалниот датум сè уште не е објавен. Интересно е што неговото лансирање ќе се совпадне со повлекувањето на еден од неговите главни конкуренти – „Kia XСeed“.
Корејскиот производител одлучи да жртвува еден од најпопуларните автомобили со мотор со внатрешен погон (ICE) за својот нов електричен модел – „EV3“.
На крајот на краиштата, „XСeed“ ќе ја сподели судбината на караванот „ProCeed“, чие производство ќе заврши на крајот од оваа година. Компактниот кросовер ќе остане на производствената линија до првата половина на 2026-та година, по што ќе биде прекинат без да добие наследник.
Првиот „XCeed“ дебитираше во септември 2019-та година, никогаш не успевајќи да ги достигне перформансите на „Volkswagen T-Roc“ на пазарот. Неговите најдобри години беа 2021-ва и 2022-ра година, кога продажбата надмина 50.000 и 53.000 единици, соодветно. Минатата година, моделот едвај достигна 40.000 единици.
Досега, „Kia“ официјално не го потврди прекинувањето на производството на „XCeed“, но ова не е изненадувачка одлука, и тоа не само поради намалената продажба. Корејската компанија сака да ја претвори фабриката во Жилина (Словачка), каде што се склопува кросоверот, во производствен центар за електрични автомобили. И успешниот „EV3“ (моделот веќе беше прогласен за „Светски автомобил на годината“) ќе биде еден од првите што ќе се произведуваат во овој објект.