25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген го испитува пазарот за CroosBlue

Фолксваген го испитува пазарот за CroosBlue

volkswagen-crossblue-concept-detroit

Фолксваген моментално работи на една студија, а од резултатите се очекува дали ќе биде изводливо да се претстави производната верзија на „CrossBlue“ концептот.

Членот на Управниот одбор на Фолксваген, Улрих Хакенберг, наведува дека тие контактирале со голем број на авто-салони и клиенти се со цел да го добијат одговорот на прашањето дали потенцијалната продажба на големиот СУВ модел со седум седишта ќе забележи добри резултати доколку започнат со производство.

Volkswagen-Crossblue-Concept-cockpit-1024x640

Според моменталните идеи, планирано е производството на новиот модел да се врши во Чатаногa или Мексико, но постои и можност да се отвори нова фабрика на територијата на САД, но се зависи од финансиската ситуација, додека пак Канада отпадна од плановите поради тоа што е премногу далеку од местата од каде Фолксваген се снабдува со материјали.

Производствената варијанта на „CrossBlue“ концептот може да претставува важен модел во рамките на плановите на германската компанија да ја дуплира продажбата на територијата на САД на 800.000 возила до 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП