19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија и Пакистан му се придружуваат на безбедносниот блок воден од Русија...

Индија и Пакистан му се придружуваат на безбедносниот блок воден од Русија и Кина

pak indija

Индија и Пакистан ја започнале во петокот постапката за придружување на безбедносната група којашто ја предводат Русија и Кина, по дводневниот самит на форумот БРИКС и групата Шангајската организација за соработка која се одржа во руски Уфа, со којашто рускиот претседател Владимир Путин демонстрираше дека Москва не е меѓународно изолирана како што тврди Западот по тензиите поради украинската криза.

Шангајската организација за соработка (SCO) на состанокот во Уфа, откако претходно таму беше одржан и самитот на земјите со најброзрастечки економии во светот – форумот БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), соопшти дека повикот за придружување на Индија и Пакистан покажува дека се раѓа мултиполарниот свет.

Западните медиуми коментираат дека тоа секако ќе го израдува рускиот претседател Владимир Путин, кој тврди дека САД имаат анахрона визија за еднополарниот свет во кој ќе доминира Вашингтон. Покрај тоа, овие два самита му овозможуваат на Путин да покаже дека санкциите коишто ги спроведуваа САД и ЕУ, како и други западни сојузници, против Русија во врска со кризата во Украина, не ја ослабеле ниту економската моќ ниту влијанието во регионот и оти има алтернативи.

„Развојот на Шангајската организација за соработка се случува во сложената фаза од развојот на меѓународните односи и во центарот на раѓањето на мултиполарниот свет. Овие процеси ги следат сé поголемиот број безбедносни предизвици и нестабилност во разни делови од светот“, се наведува во соопштението на SCO, на чиј самит учествуваа и челниците на Авганистан и на Монголија, покрај нивните колеги од Индија и Пакистан.

Во заклучниот документ иако експлицитно не се споменува терористичката организација Исламска држава како најголема глобална безбедносна закана во моментов, челниците на SCO се согласуваат дека „борбата со тероризмот и екстремизмот, со кои се соочуваат практично сите членки на организација“, треба да има конкретни содржини, како „координирање на напорите во борбата со тероризмот, и заедничко справување со ширењето на радикалните идеи преку интернет“.

Шангајската организација за соработка, којашто ги вклучува и Казахстан, Узбекистан и Таџикистан се доживува како платформа врз којашто Москва и Пекинг го шират своето влијание во азискиот регион. Се истакнува и дека во четвртокот, на Седмиот самит на БРИКС, како специјален гостин во Уфа беше присутен и иранскиот претседател Хасан Роухани.

Порталот Brics Post пренесе дека се чини оти во моментов Русија станала крстосница на многубројни мултиполарни организации и интеграциски блокови во настанување кои успеале да пронајдат консензус и да дадат полет во градењето заедници коишто се дизајнирани како алтернатива на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП