6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрава кожа за 20 минути: Жолт индиски пилинг од куркума

Здрава кожа за 20 минути: Жолт индиски пилинг од куркума

kurkuma-piling-maska

Длабински ја чисти кожата на лицето и ги закрепнува оштетените делови…

Куркумата во Индија е наречена жолто злато бидејќи таа е еден од најлековитите зачини во светот. Овој пилинг длабински ја чисти кожата, ги отстранува мртвите клетки и другите нечистотии на површината на лицето, ја поттикнува циркулацијата и спречува појава на мозолчиња. По само 20 минути, ефектот навистина ќе ве изненади.

Две лажици куркума помешајте ги со неколку капки вода и оваа смеса нанесете ја на вратот и лицето. Оставете ја така да делува 20 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода.

Жолтата боја од куркумата му дава убав сјај на лицето, а по пилингот е потребно добро да го измиете лицето со цел да не ви останат жолти дамки.

Доколку сакате маска, куркумата додадете ја во половина лажица мед и наместо вода, користете млеко со цел да добиете паста. Маската оставете ја на лицето 15 минути, потоа добро измијте ја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП