18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГитаристот Дарко Багески со концерт во Софија

Гитаристот Дарко Багески со концерт во Софија

Image5556

Нашиот познат гитарист Дарко Багески, солист и професор на ФМУ – Скопје , ја продолжува својата активна концертна сезона во 2015 година,со концерт во Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија.

Концертот ќе се одржи денес, со почеток во 18.30 часот. Нашиот познат гитарист годинава веќе имаше два значајни настапи во Бугарија, со учество на XIX Интернационален Фестивал и нетпревар за класична гитара „Академик Марин Големинов” – Ќустендил, а заедно со бугарската гитаристка Стела Динкова настапија како солисти со камерниот оркестар на операта од Благоевград, при што го изведоа популарното дело на познатиот италијански композитор Антонио Вивалди „Четири годишни времиња“. Со ова дело, Дарко Багески успешно се претстави и во Благоевград, во мај.

Меѓународната концертна сезона Багески ја продолжи со солистички концерти на интернационални фестивали кои се одржаа во Италија,Тајван,Црна Гора,Бугарија…

Дарко Багески минатата година веќе имаше серија успешни концерти во Софија, Пловдив, Варна и Ќустендил и има свои почитувачи и редовна публика во Бугарија.

Концертот на Багески е составен дел од јубилејната програма по повод 10-годишнината од основањето на Македонскиот културен Центар во Софија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП