18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтокхолм ќе биде домаќин на Евровизија 2016

Стокхолм ќе биде домаќин на Евровизија 2016

evrovizija-evrovizija

Арената „Глобен“ во Стокхолм, главниот град на Шведска, е местото каде во 2016 година ќе се одржи натпреварот за најдобра песна во Европа – Евросонг 2016.

Пред три години, кога Шведска повторно беше победник на Евровизија, домаќин беше јужниот град Малме.

Откако шведскиот претставник на Евровизија, Монс Земерлов, ја однесе победата на годинашниот Евросонг на 24-ти мај, имаше многу шпекулации за тоа кој град во Шведска ќе го организира натпреварот.

Покрај online кампањите Гетеборг, вториот по големина град во Шведска, да биде домаќин следната година, како и Умео на северот на Шведска, сепак, честа да биде организатор ја доби главниот град, Стокхолм, и тоа во арената „Глобен“ која се наоѓа во јужниот дел од градот.

„Со нетрпение чекам да ја пречекаме Европа во Стокхолм на еден од најголемите светски телевизиски настани“, вели Хана Старне, претседател на шведската телевизиска мрежа SVT, која ќе го пренесува шоуто.

„Натпреварот за песна на Евровизија е и музички настан и фестивал, а во Стокхолм ќе ги понудиме двете“, вели таа.

„Стокхолм ќе покаже уште еднаш дека е подготвен натпреварувашето да го качи едно ниво погоре“, вели Мартин Естердал, кој ќе биде извршен продуцент на шоуто до година.
SVT откри дека Шветската Tele2 Arena, уште еден голем објект како Глобен, ќе биде вклучена во настанот.

Градоначалникот на градот Карин Вангорд вели: „Нашиот град врие од активности кои се однесуваат на музиката. Креативноста ни е во срцата“.

Се надева дека тоа што Стокхолм ќе биде домаќин на натпреварот ќе го стимулира уметничкиот дух на градот уште повеќе, а се надева дека и локалните жители и туристите ќе уживаат во шведското музиќко чудо.

Јужниот шведски град Малме, беше домаќин на Евросонг во 2013 година откако пејачката Лорин ги доби гласовите година пред тоа.

Победата на Монс Зимерлов со песната Heroes, ја направи нордиската земја шести пат победник на Евросонг, а пред неа е само Ирска со седум победи.

Најпознатата шведска група Абба, и ја донесе првата победа на земјата во 1974 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП