17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТ'к Так Фест годинава во септември

Т’к Так Фест годинава во септември

tk-tak-fest

Единствениот македонски демофестивал „Т’к Так Фест“ кој и годинава ќе им овозможи на македонските демо бендови од големата сцена да ја импресионираат македонската публика ќе се оддржи на 5-ти септември.

„Причината за новиот датум на оддржување на фестивалот кој ја продолжува мисијата на Трајко Каров за промоција на демо бендовите е поклопувањето со традиционалната туристичко-културно уметничка манифестација Тиквешкиот гроздобер 2015“, соопштија од организациониот одбор на фестивалот, од каде најавуваат дека многу наскоро ќе биде објавен и финалниот лајнап за годинашното издание на кое покрај минатогодишните победници, суперталентираните Chromatic point, ќе настапат уште неколку интересни имиња од кавадаречката, но и од македонската рок сцена.

Поместувањето на датумот на оддржување на годинашното издание на „Т’к Так Фест“ ќе го пролонгира и датумот за доставување на апликациите за демо бендовите до 28-ми август. Сите демо бендови кои сакаат да се вклучат во трката за Гран при наградата „Трајко Каров“ која се доделува на најдобриот тапанар и која изнесува 30,000 денари и наградите кои вклучуваат снимање во професионалните студија на еминентни продуценти, треба да ги достават следните податоци: кратка биографија за бендот; линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен youtube канал. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути; читко отчукан текст на песните со кои се аплицира.

Материјалите се испраќаат на е-mail адресата: [email protected].

Во согласност со програмските определби на фестивалот, селекторот и селекционата комисија составена од еминентни и признати рок музичари ќе одлучат кои од пристигнатите апликации ќе бидат прифатени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП