28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го доби маратонот против Андерсон

Ѓоковиќ го доби маратонот против Андерсон

nole vimb

Новак Ѓоковиќ го доби маратонскиот меч против Кевин Андерсон, кој траеше два дена и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон.

Бранителот на титулата Ѓоковиќ и 14-от носител Андерсон мечот го започнаа во понеделникот, но тој беше прекинат поради мракот кој се спушти над Лондон при резултат 2:2 во сетови.

Андерсон првите два сета ја искористи летаргичната игра на Ѓоковиќ и во два тај брејка, по два часа игра стигна до 2:0. Првиот носител потоа експресно возврати и за нешто повеќе од еден час израмни на 2:2, добивајќи го третиот сет со 6:1, а четвртиот со 6:4.

Во решавачкиот сет Андерсон со две врзани двојни сервис грешки му го подари гемот на противникот, а потоа Ѓоковиќ рутински ја заврши работата за конечни 7:5 во петтиот сет.

Српскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против деветтиот носител, Хрватот Марин Чилиќ. Во останатите четвртфинални мечеви ќе играат Роџер Федерер – Жил Симон, Енди Мари – Вашек Поспишил и Стен Вавринка – Ришар Гаске.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП