25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Специјалниот“ заработи најмногу во 2012-та

„Специјалниот“ заработи најмногу во 2012-та

mourinho

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, е најплатен фудбалски стручњак за 2012-та година, според истражувањата кои ги направи фудбалскиот магазин „Франс Фудбал“.

Според овие истражувања Мурињо во минатата година инкасирал 14 милиони евра, од кои 12 милиони од тренерската работа, а два милиони од маркетинг договорите.

На второто место се најде тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти, со заработувачка од 12 милиони евра, додека третопласиран е Марчело Липи кој го предводи кинескиот Гванжу со заработувачка од 11 милиони евра.

Зад оваа тројка следат Гус Хидинк (Анжи) со сума од 10.8 милиони евра, поранешниот менаџер на Ливерпул, Кени Даглиш со 10 милиони, Арсен Венгер (Арсенал 9.4 милиони), селекторот на Русија, Фабио Капело (9.2 милиони), по 6.1 милион заработија тренерите од Манчестер, Роберто Манчини и Алекс Фергусон.

Интересно е што Мурињо само двапати не бил лидер на оваа листа од 2004-та година, откако „Франс Фудбал“ ја објавува листата на најплатени тренери. Таа година повеќе од Португалецот заработи Алекс Фергусон, а потоа во 2009-та година најплатен тренер беше предводникот на Бразил, Луис Фелипе Сколари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП