7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците потврдија дека бракот дебелее

Научниците потврдија дека бракот дебелее

brakot-debelee445

Мажите и жените кои се во брак се понаклонети кон дебелеење отколку самците, покажува истражувањето на група научници чиишто резултатите се објавени во списанието Social Science & Medicine.

Анализирајќи ги податоците за индексот на телесната тежина на 10.226 испитаници од Австрија, Велика Британија, Германија, Италија, Полска, Русија, Франција, Холандија и Шпанија, научниците делумно ја негираат тезата дека брачниот живот благопријатно делува на здравјето, а го потврдија општо вкоренетото мислење дека оженетите полесни додаваат килограми.

Во согласност со стандардите на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), индексот на телесната тежина кој се смета како размер на квадратот од височината во метри и тежина во килограми, кај нормално исхранетите треба да изнесува меѓу 18,5 и 25 индексни поени.

Резултатите од споменатото истражувањето, пак, покажале дека просечниот индекс кај мажот самец изнесува 25,7, а кај оженетите 26,3 индексни поени. Кај жените, неомажените имаат просечен индекс од 25,1 а омажените 25,6 поени.

Истражувачите овие резултати ги припишуваат на фактот дека луѓето коишто се во брак повеќе јадат, а помалку се движат од самците, и оти тоа многу јасно се гледа од нивната телесна тежина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП