6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДелува како ботокс: Ослободете се од брчките за помалку од 150 денари

Делува како ботокс: Ослободете се од брчките за помалку од 150 денари

1035465295593d29a3f8bd363487932_w640 (1)

Оваа евтина маска е природна, а кожата ја затегнува како ботокс…

Ако на вашето лице сте забележале трагови од замор и појава на брчки, постои природно решение за тоа. Оваа едноставна и економична, а пред се евтина маска за лице, целосно е природна, а кожата ја затегнува како ботокс. Потребно е да ги набавите следните намирници кои нема да ве чинат повеќе од 150 денари, а со нив ќе можете да ја подготвите повеќе пати.

Состојки:

– 1 лажица густин

– свежо цеден сок од моркови (ако немате соковник, можете да употребите и блендер)

– 1 лажица кисела павлака

Во половина чаша ладна вода разматете го густинот и варете го на тивок оган се додека не се згусне. Кога смесата ќе се олади, додадете во неа сок од моркови и лажица павлака. Ставете ја смесата на исчистеното лице и оставете ја да отстои половина час.

Маската измијте ја со ладна вода и нанесете хранлива крема за лице. Маската можете да ја практикувате три пати неделно, со цел да имате блескав и затегнат изглед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП