4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонска поезија објавена во српско списание

Македонска поезија објавена во српско списание

srb poezija

На воведно место во новиот број на познатото српско списание „Монс ауреус“, во рубриката „По трагите на Орфеј“ се објавени избрани песни препеани на српски јазик од афирмираните македонски поети Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Бранко Цветкоски, Лидија Димковска и Јовица Тасевски-Етернијан.

Секој од македонските автори во списанието е претставен со десет песни, а изборот и препевот го направи академик Ристо Василевски.

Списанието „Монс ауреус“ излегува четири пати годишно, а негова основна цел е да објавува прилози со кои српската читателска публика се запознава со достигнувањата на современата книжевна сцена. Автори и соработници на ова списание се еминентни творци од различни области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП