Спортскиот директор на Челзи, Мајкл Еманало ќе мора да го напушти „Стемфорд Бриџ“. Имено, доколку тоа не се случи „сините“ од Лондон ќе можат да заборават на сензационалното враќање на Жозе Мурињо.
Поентата е дека португалскиот стратег јасно му даде до знаење на Роман Абрамович дека не сака да работи со Еманало. Тој е многу влијателен во Челзи и веќе шест години е скаут во тимот. Очигледно е дека тој претставува очи и уши на првиот човек на клубот. Од друга страна, Мурињо сака слобода и никој да не му се меша во работата.
Меѓутоа медиумите на Островот шпекулираат дека Абрамович ја загубил довербата во Еманало, кој одиграл клучна улога во убедувањето на рускиот милијардер во доведувањето на Рафа Бенитез. Не е потребно да се потсетиме дека Рафа не го воодушеви Абрамович, затоа што Челзи лесно би можел да остане без пласман во Лигата на шампионите во наредната година.