14 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКаква врска имаат стареењето и супата од кеса?

Каква врска имаат стареењето и супата од кеса?

Supa

Научниците велат дека има голема поврзаност….

Храната со висока концентрација на шеќер, масти и соли го забрзува стареењето бидејќи ги оштетува ќлетките на нашиот организам, претставува стрес за целото тело, го забрзува физичкото стареење и поттикнува воспалителни процеси во телото.

Така, на пример, супата од кеса која е популарна бидејќи е веднаш готова и вкусна, претставува голема опасност. Една чинија од оваа супа може да содржи од 800 до 1000 мг натриум, што влијае на зголеменото задржување на течностите во телото, пишува Дејли меил.

Исто така, ако не сте знаеле, многу натриум има и во сосовите, маринадите, вегетаријански бургери и пилешките гради, смрзнатиот зеленчук… значи е застапен и во храната која ја сметаме за здрава.

Меѓу намирниците кои поттикнуваат стареење спаѓаат и пицата, колачите, пецивата и тестенините, а она што би требало да го јадеме за да го забавиме процесот на стареење е свежо овошје, зеленчук, свежо млеко, јаткасти плодови и морска риба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП