20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВатерполистите на Србија со титула во Светската лига

Ватерполистите на Србија со титула во Светската лига

varetpolo-srbija

Ватерполо репрезентацијата на Србија славеше над Хрватска со 9:6 во финалниот меч на Светската лига која изминатите седум дена се играше во италијанскиот град Бергамо.

Србија ја освои деветтата титула, трета последовна, во 13-то издание на Светската лига и избори пласман на Олимписките игри во Рио наредната година.

Српските ватерполисти до победата стигнаа благодарение на одличната игра во второто полувреме во кое постигнаа седум, а примија само два гола, со што целосно го надоместија водството на Хрватска од 2:4 по првото полувреме.

Пјетловиќ со три, односно Мандиќ и Прлаиновиќ со по два гола беа најефикасни во редовите на Србија, додека Хрватска ја предводеше Сукно кој постигна два гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП