18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Алма Идризи во Кичево

Изложба на Алма Идризи во Кичево

alma4444

Во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“- Кичево, денес, во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба „Трансформации-светиот баланс“ на Алма Идризи.

Трансформациите кои што ги претрпуваме во животот трудејќи се да го оддржиме „Светиот баланс”, е балансот за кој што сиот живот тежнееме да го постигнеме, воедно несвесно оддалечувајќи се од своето себство.

Во ова време на гласно говорење за демократијата, за човечките права, родовите права и еднаквости сите ние несвесно сме заробени во културата, традицијата и општественинте очекувања,секојдневно водејќи борби за исполнување на општествените очекувања и личните потреби, борби за родовиот баланс, борби за опстанок на материјалното и духовно поле, борбите кои никогаш не престануваат.

Алма Идризи е мултимедијален уметник, чии дела се претставени преку дигиталната фотографија, сликарство, цртеж, илустрација, видео, анимација, мода и изработка и дизајн на накит. Нејзината употреба на медиумите се заснова врз потребата да се претставуваат делата во нивната целосна звучност, поради потребата за изразување во целосна неограничена слобода на постоењето, како резултат на внатрешен план моралната чистота на целите.

Таа досега со своите дела се претставила на многу интернационални групни и самостојни изложби. септември учествуваше на Биеналето во Harlech- Whales, Велика Британија каде што се претстави со 4 фотографии, во Октомври беше поканета и да учествува во Есенскиот Салон во Париз каде исто така се претстави со фотографии, потоа во Ноември беше поканета во Лоѕ – Полска, во галеријата Корбо каде што имаше и конференција, во Декември исто така учествуваше и во големата интернационална изложба ЈАС СУМ ЖЕНА во Музејот за Современи Уметности КАМ, во Италија.

Воедно истовремено учествува во организацијата и спроведување на интернационалниот проект НетКАМ, каде што се претставува на широката светска сцена, почнувајќи од Гостивар и Скопје, овој проект потоа продолжи и во Турција, Хрватска, Грчка, Црна Гора итн.

Сега исто така ќе се претстви со 24 концептуални фотографии со кои што го изразува својот крик против однапред одредените правила на животот од страна на општеството и традициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП