5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмот ‘Бродот што никогаш не поминал’ премиерно на Македокс

Филмот ‘Бродот што никогаш не поминал’ премиерно на Македокс

brodot

Новиoт филм на аудиовизуелниот автор Александар Спасоски под наслов „Бродот што никогаш не поминал“ премиерно ќе биде прикажан во четврток во терминот од 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во киното „Фросина“ во рамките на програмата на Македокс фестивалот за документарни филмови.

Мотото што го носи овој фестивал оваа година „ Рум-да-да, Дум-та-Дум“ ќе биде прикажување филмови кои го промовираат звукот како тема.

Александар Спасоски, ликовен автор и видео автор кој дипломирал во Минхен 2008 на нови медиуми, е познат и како видео автор, композитор и ликовен уметник, а оваа година го презентира своето најново документарно филмско остварување.

По номинацијата во Оберхаузен на познатиот филмски фестивал во Германија во 2008-та, со видеото „Воајер“, Спасоски повторно во најновото свое видео остварување како и во „Воајер“ се занимава со феноменот на имагинативната реалност, егзистенцијализмот и односот на ликовниот автор визави елитизмот како бирократски систем кој авторската иницијатива ја игнорира поради силната западна бирократија во Германија. Но воедно и прави одлична паралела со нашиот локален систем на создавање нов град и нова историска имагинација.

„Бродот што никогаш не поминал“ е документарен ткн мејкинг оф од она што Спасоски го поставил како звучна инсталација 2012 во Скопје и 2013 во Минхен.

Произведувајќи звук на бродска сирена на место каде што не се одвива воден сообраќај, тој сака да ја поттикне имагинацијата на публиката, која преку звучниот стимул ќе си визуелизира брод што поминува, но и да види како звукот ќе влијае врз оние кои се подалеку од реката.

Филмот е единствениот опиплив документ од ова еднодневно искуство кој на хумористичен начин го прикажува развивањето на проектот, тешкотиите со кои се соочил уметникот барајќи дозволи од институциите во Баварија и техничките предизвици при изградбата на конструкцијата. Проектот беше финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП