Француската „Societe Generale“ планира да лансира јавно тргувана стабилна валута поддржана од долар преку својата подружница за дигитални средства, станувајќи првата голема банка што ќе влезе на растечкиот пазар за криптовалути поддржани од доларот.
Новата дигитална валута ќе се вика „USD CoinVertible“. Се очекува јавното тргување да започне во јули, соопшти крипто-огранокот на „Societe Generale“, „SG-FORGE“, во соопштението во вторникот.
Стабилните валута се вид криптовалута, обично поврзана со традиционална валута, најчесто американскиот долар, што им овозможува на луѓето да префрлаат големи количини пари користејќи блокчејн мрежи наместо традиционални банкарски системи за плаќање. Секторот доживеа брз раст, поттикнат од крипто-компанијата „Tether“.
Во 2023-та година, „SG-FORGE“ лансираше стабилна валута базирана на еврото, иако не е широко усвоена, со само 41,8 милиони евра во оптек.
„SocGen“ изјави дека неговите стабилни монети се класифицирани како токени за електронски пари и ќе бидат регулирани според „MiCA“, крипто регулативата на Европската Унија (ЕУ) усвоена во 2023-та година. Неговиот токен може да се користи за крипто тргување, прекугранични плаќања, трансакции со девизи и управување со колатерал и готовина, и ќе биде котиран на различни крипто берзи.
„Tether“ нема лиценца за работа во еврозоната според „MiCA“.
Во меѓувреме, Конгресот на САД е на работ на донесување закон за создавање регулаторна рамка за стабилни монети.