19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнигата „Телото во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски, за...

Книгата „Телото во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски, за само 50 денари

knigata 30

Како мал книжевен пркос, од редакцијата на ИЛИ-ИЛИ, излезе во печат романот „телото во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски, што се продва по цена од 50 денари.

Петар Андоновски со својот дебитантски роман „Очи со боја на чевли“ беше вистинско книжевно изненадување во 2013-та година. Во исклучително силната конкуренција влезе во финалниот избор за „Роман на годината“ на Утрински весник, а со многу позитивни реакции беше оценет и од критиката и од читателите.

Овој роман таа година не беше поддржан од Министерството за култура па самостојно го објави издавачката куќа „Кликер книги“.

Секако дека по успехот на првиот роман се очекуваше „Телото во кое треба да се живее“ да ја добие поддршката од Министерството, но откако тоа не се случи ИЛИ-ИЛИ го објави овој роман затоа што верува во неговиот квалитет, а и како чин на еден мал книжевен пркос.

Цената е постигната со тоа што авторот, Петар Андоновски, се откажува од хонорар, ИЛИ-ИЛИ од профит, своите услуги бесплатно ни ги понудија Оливера Ќорвезироска (лектура), Маја Бојаџиевска (рецензија – поговор), Марија Смилевска (илустрација), Бојан Ивановиќ – Бригада. Мк (дизајн на корица), како и Снежана Младеновска – Анѓелков (графички дизајн).

Со цел романот да биде достапен до пошироката публика 50 примероци ќе бидат подарени на НУБ „Св. Климент Охридски“ за да го дистрибуира до библиотеките во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП