22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМеѓународна мултимедијална колонија на Битфест

Меѓународна мултимедијална колонија на Битфест

bitolllla

Во рамките на годинашното издание на фестивалот Битфест, од 28-ми до 30-ти јуни во Битола ќе се одржи Меѓународната мултимедијална колонија Битола 2015.

Колонијата ќе се одржува во „Вила Дајмонд“, а свечено ќе биде отворена на 29-ти јуни во 20 часот со книжевна средба со писателите Панде Манојлов од Битола и Христо Петрески од Скопје. Притоа, самите автори ќе ги претстават своите најнови книжевни дела, а за творечкиот книжевен опус на Манојлов ќе говори Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ.

Мултимедијалната колонија Битола се одржува под покровителство на Општина Битола и градоначалникот Владимир Талески, а ја организира Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

На 29-ти јули, пак, во 12 часот, ќе биде отворена фото-изложбата Битолски мотиви од Петар Ставрев.

Истиот ден во 20 часот ќе настапат повеќе писатели и тоа: Петре Димовски, Мирјана Стојановска, Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски, Кире Неделковски, Зоран Пејковски, Милица Димитријовска – Радевска, Весна Мундишевска – Велјановска, Елена Ѓорѓиевска – Костадиновиќ, Илче Стојановски, Билјана Т. Димко, Елизабета Јончиќ, Никола Илијовски, Филип Димкоски, Наташа Зузаровска, Весна Миркова и други. На истата вечер ќе бидат врачени и наградите Медијала за книжевност, за сликарство, за театар, за археологија и за уметничка фотографија.

На 30 јули во 10 часот, ќе биде отворена изложбата на новосоздадените ликовни дела од традиционалната Меѓународна мултимедијална колонија Битола 2015, која се одржува третпат, а на која годинава ќе учествуваат: Даниела Божичковиќ Радуловиќ (Србија), Лилија Пангелова (Бугарија), Панде Петровски, Христо Петрески, Мирјана Стојановска, Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ, како и гостите: Златко Жоглев, Аница Ѓорѓиевска, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Силвана Петрова Насух, Зоран Пејковски, Петко Шипинкаровски, Кире Неделковски, Милица Димитријовска – Радевска, Весна Мундишевска – Велјановска, Илче Стојановски, Билјана Т. Димко, Елизабета Јончиќ, Илија Мерковски, Никола Илијовски, Филип Димкоски, Наташа Зузаровска, Весна Миркова и други.

Годинава, посебен акцент на Мултимедијалната колонија Битола 2015 ќе биде ставен врз помладите битолски сликари и писатели, кои ќе бидат и учесници на Колонијата, односно посебно внимание ќе добие таканаречената Нова ликовна и книжевна битолска генерација и уметничка школа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП