Македонска Каменица се подготвува за второто издание на музичкиот фестивал True Sound Of Kamenica. Потврдени се главните ѕвезди на фестивалот, италијанскиот диџеј Manuel De La Mare, кој ќе настапи на 3-ти јули и босанската атракција, бендот Zoster, чиј пак настап ќе биде на 4-ти јули.
Покрај нив уште низа популарни имиња ќе бидат дел од овогодинешниот фестивал.
На првата фестивалска вечер покрај De La Mare ќе настапат и локалниот диџеј Darkman и бугарските диџеи Double D и DJ Diass.
На втората фестивалска вечер пак, ќе настапат македонските хип хоп ѕвезди LD Pistolero и Tonyo San. Организаторот на фестивалот подготвува уште неколку изненадувања за двете фестивалски вечери.
Промотивниот пакет дводневни фестивалски влезници е веќе пуштен во продажба по цена од 200 денари, а влезници може да се набават во Културно-информативен центар „Романса“ Македонска Каменица или на влез на фестивалот.
True Sound Of Kamenica 2015 има за цел промоција и афирмација на урбаната култура и урбаниот начин на живот. Фестивалот е поддржан од Општина Македонска Каменица, Рудник „Саса“.