3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард бара дијалог со возрасни, Варуфакис предупредува на несреќа

Лагард бара дијалог со возрасни, Варуфакис предупредува на несреќа

evrogrupa55595875745

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, изјави во четвртокот навечер по неуспешниот состанок на Еврогрупата за Грција во Лускембург дека е неопходен дијалог со „возрасни личности“, додека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис предупреди дека „несреќата“ поради грчкиот долг е „опасно блиску“.

„Не недостига дијалог. Итно е потребно да се воспостави дијалог со возрасните во салата. Очекувам дека грчката влада ќе ги искористи овие денови и ќе дојде со опипливи мерки,“, изјави шефицата на ММФ, Кристин Лагард по состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната кој заврши без никаков договор за Грција. Истакна притоа дека на Грција „тимовите на ММФ ѝ стојат на располагање и дење и ноќе“.

На засебната конференција за медиумите, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис коментирајќи ја забелешката на Лагард рече дека се „обврзал дека нема потценувачки да коментира никој од колегите“.

„Опасни блиску сме до состојбата на духот во кој ја прифаќаме несреќата. Ги замолив колегите да не го прифаќаат таквиот начин на размислување“, рече Варуфакис по средбата на којашто не е постигнат напредок, со што уште повеќе ослабуваат надежите за постигнување договор за да се спречи Грција до крајот на јуни да не може да ги сервисира своите долгови.

Според Варуфакис, Грција во четвртокот подготвила решение на должничката криза, кој, доколку биде одобрен ќе стави крај на долгогодишната криза. „Тоа е исцрпен предлог кој овозможува, доколку биде усвоен, за кусо време да биде надмината кризата во Грција еднаш и засекогаш. Тој вклучува и механизам за автоматско ограничување на буџетскиот дефицит“, рече грчкиот министер за финансии.

Варуфакис тврди дека постои несогласување само околу расходите во висина од 0,5 отсто од грчкиот бруто домашен производ (БДП). „Кога станува збор за фискалната страна, во разговорите дојдовме блиску, во рамките на 0,5 отсто од БДП-то, од она што институциите го бараа“, рече.

Меѓутоа, другите учесници на состанокот истакнуваат дека Грците немале никакво пишан предлог, туку Варуфакис само усно изнел некои идеи. „Чекаме веродостоен предлог од грчка страна, кој денеска го немаше“, изјави европскиот за економски и финансиски работи, Пјер Московиси.
„Подготвени сме на секоја можност, па и на неможноста за плаќање“, што може да претставува вовед во излегувањето на Грција од еврозоната“, призна Јероен Дијселблом, претседател на Еврогрупата. Ја повика Грција уште следните неколку денови да излезе со „веродостојни предлози“, за „да ја искористи последната можност“ за договор со доверителите.

Грција и нејзините доверители, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, се многу блиску до конечно разидување и на вонредниот самит на еврозоната во понеделник во Брисел ќе се обидат да го спречат најлошото сценарио за земјата којашто поради може да остане без можноста да ги сервисира своите долгови.

„Нема договор во Еврогрупата, Тоа е силен сигнал за Грција сериозно да се вклучи во преговорите“, порача во пораката на Twitter потпретседателот на Европската комисија задолжен за еврото и социјален дијалог, Валдис Домбровкис.

Грција до 30-ти јуни мора да врати 1,6 милијарди евра долг по четирите месечни рати од кредитот од Меѓународниот монетарен фонд, и дополнителни 6,7 милијарди евра треба да ѝ врати на Европската централна банка во јули и август, и нема да има доволно пари да ги запази таквите рокови, доколку не воведе нови кастрења, во прв ред на платите и пензиите. Атина смета на исплатата на запрената транша од 7,2 милијарди евра од сегашниот втор пакет странска финансиска помош, од вкупната помош од 240 милијарди евра. Меѓутоа, нејзините доверители ја условуваат исплатата на оваа сума со програма на реформи за кој двете страни досега не успеаја да се договорат.

И додека трае неизвесноста околу исходот на драматичната криза, Грците само од понеделникот од банкоматите подигнаа 1,5 милијарди евра. Во четвртокот, пак, за време на состанокот на Еврогрупата пред грчкиот парламент се собраа неколку илјади луѓе кои ги поддржуваат барањата на доверителите и сакаат нивната земја да остане во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП