6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку се здрави праските?

Колку се здрави праските?

peach_5

Праските се нискокалорични, ја намалуваат анксиозноста и се природен афродизијак…

Ова се десетте причини зошто праските треба да ги јадете почесто…

1. Праските се одлична ужинка за сите оние кои се на диета. Брзо заситуваат, а посебно е важен фактот дека една праска има околу 35 до 50 калории, а воопшто нема масти.

2. Праските се богати со феноли. Тоа се антиоксиданси кои се борат против дијабетесот и кардиоваскуларните болести.

3. Ја одржуваат вашата кожа здрава. Праските природно ја хидрираат вашата кожа, благодарение на витамините А и Ц и често се користат во козметиката. Овие витамини го регенерираат ткивото.

4. Го намалуваат опаѓањето на косата и имаат позитивно влијание на скалпот.

5. Намалуваат анксиозност. Тие се успешни борци во борбата против стресот.

peaches1

6. Селенот, минерал кој се наоѓа во ова овошје се користи во превенцијата на ракот и може да го спречи оштетувањето на клетките.

7. Го смирува стомакот и има поволно диуретичко дејство, а исто така ги чисти бубрезите и мочниот меур.

8. Праските се природен афродизијак.

9. Имаат смирувачки својства. Сварете неколку цветови од праска во вода и додадете малку мед. Оваа купка е идеална за релаксирање.

10. Чајот од листовите и кората од дрвото го смирува хроничниот бронхитис, кашлањето и гастритисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП