30 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на филмот „Звуците на Ариранг“

Премиера на филмот „Звуците на Ариранг“

Image (86)

Премиерата на документарниот филм „Звуците на Ариранг“ во режија на Диме Ратајкоски, посветен на корејскиот поет Ко Ун, добитник на наградата „Златен венец“ во 2014 година, ќе се одржи во среда, во 20 часот, во Кинотека на Македонија.

Документарниот филм за лауреатот на „Златен венец, Ко Ун, насловен како „Звуците на Ариранг“, во продукција на Македонската радиотелевизија, е филмски портрет на една ретка творечка личност чие творештво заради уметничките и естетските вредности одамна е валоризирано меѓу најзначајните во светската поезија од втората половина на XX-тиот и почетокот на XXI-от век, за што е добитник на бројни награди ширум светот.

Неговиот животен пат низ сите тие премрежја, поделби и страдања низ кои ќе минува неговиот корејски народ, наоѓаат одраз и во неговиот творечки пат. Неговото творештво е проникнато од таквите судбинските моменти и станува нивна рефлексија која го отсликува човечкото страдање со особен сензибилитет и поетски агол кој има универзални, сечовечки резонанци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП