21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСамостојна изложба на хонконшкиот уметник Хао Лап Јан Бенџамин

Самостојна изложба на хонконшкиот уметник Хао Лап Јан Бенџамин

slika hao33

Самостојна изложба на хонгконшкиот уметник Хао Лап Јан Бенџамин, насловена „Едно поубаво место“ ќе се одржи во галерија МКЦ, денеска во 19 часот.

На оваа изложба ќе бидат претставени дела од неговите последни серии: „На пат“, „Земјена книга“, „Три свети планини“ и „Хонгконшка хартија“. Уште од 2011 година, Хао како медиум користи почва и други природни материјали. Овие дела го откриваат неговиот интерес и обмислување на односот помеѓу луѓето, природата и урбанизацијата.

„Хонгконшка хартија“ е колекција листови хартија, рачно изработена од дива трева што расте во Хонг Конг. Текстурата, структурата и боите на влакната на тревата можат да се наѕрат на листовите, што ги прави поинакви од обичната бела А4 хартија. Со ова го откриваме влијанието на глобализацијата и конзумеризмот во општеството и во секојдневниот живот.

Во оваа серија дела, тамошната природна почва е употребена во еден дел од принтот на кој е претставена улица. Така се добива чувство на надреалност, при што различните земјени бои се наоѓаат меѓу дигиталните пиксели и природните пигменти. Ова е одраз на односот помеѓу луѓето, урбанизацијата и природата.

Наслови на делата: Бор, Меѓу планините, Нема место за враќање, На пат, Пикселизирано растение, Вртење десно, Патување по прастара патека, Брда зад реката, Фантастичен предел. Имиња на растенија: Морска салата, детелина, бор, кинески таро, лист од банана, весларка, свилена трска, карка трска…

Изложбата е во организација на Друштвото за македонско – кинеско пријателство и соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП