1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенец го произведе првото пиво без глутен

Словенец го произведе првото пиво без глутен

rok orel pivo

Словенецот Рок Орел го произведе првото домашно пиво без глутен, во коешто наместо слад од јачмен или пченица, користел слад од елда, и мисли дека овој пијалак ќе најде свои потрошувачи, особено кај луѓето кои не смеат да консумираат глутен поради здравствени проблеми.

Првото словенечко пиво без глутен беше промовирано во Љубљанскиот градски музеј, а пиварот Рок Орел, сопственик на помала пиварница од јужна Словенија, изјави дека на идејата дошол дознавајќи за сите проблеми на луѓето кои се алергични на глутен или нивниот организам не може да го преработи, а го сакаат пивото.

Новото пиво го нарекол едноставно „Орел“, а тврди дека тоа воедно е и првото безглутенско пиво во сетот.

Сладот од елда, растение слично на киселецот со зрнесто семе кое се јаде, кое некогаш било многу популарно во словенечкото земјоделие, а денес многу малку се сее, во целост е производ на домашното знаење, истакна проф др Орел, кого го викаат и словенечкиот др Хаус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП